Error message

  • Notice: Trying to get property of non-object in _weather_parse_forecast() (line 219 of /home/vevchani/public_html/production/sites/all/modules/weather/weather_parser.inc).
  • Warning: Invalid argument supplied for foreach() in _weather_parse_forecast() (line 219 of /home/vevchani/public_html/production/sites/all/modules/weather/weather_parser.inc).

Домаќинска куќа

Ресторанот Домаќинска куќа е лoциран на стотина метри од прочуените Вевчански извори. Традиционалниот Македонски амбиент ресторанот го први единствен не само во Охридско -Преспанскиот регион туку и пошироко.

Ресторанот е со капацитет од 150 места распоредени во различни простори на три нивоа и поседува тераса од 110 места, заедно многу погодни за секаков тип на веселби и прослави.

Во ресторанот можете да ги вкусите домашната пита, проја, витканик, кашаник како и домашното лепче од сопствената фурна. Сето ова можете да го залиете со домашно вино "Вевчанска крв" , домашна бела и жолта ракија од сопствената винарија - УНИФРИ. Пробајте ги домашните пршути, кулен, панцета како и домашните сирења. Во сопствената фурна се печат јагниња, јариња, прасиња, ребра...

Во ресторанот Домаќинска куќа можете повторно да уживате во помалку заборавените стари селски специјалитети. Еколошки чистата храна уште повеќе ќе ви го долови амбиентот на нашата вековна традиција.

Традиционално Вевчанско Луканче изработено по рецепт на старите Вевчанки со добар вкус и добра арома стара 1400 години.Вевчанска тава со сува пиперка и вевчанско кромитче подготвена со добро свежо домашно месо. Преку спојот на дрвото и каменот, традиционалните предмети и старото огниште овде ќе ја почувствувате топлината што ја пружа Македонија.

Ресторанот Домаќинска куќа поседува пет соби - апартмани кои се во стилот на традиционален Македонски амбиент. Собите се со сопствено WC и TV. Резервациите на собите се со или без доручек по желба.

Доколку престојувате во Домаќинска куќа искористете ја можноста за посета на околината на Вевчани која обилува со природни убавини кои земаат здив, и ве тераат повторно да ја планирате следната посета на Вевчани. Доколку престојувате во Вевчани на 13 и 14 Јануари вашeто внимание ќе го привлече Вевчанскиот карневал кој ќе ви приреди незаборавно доживување.

 

 

 

 

 

 

Подрум УНУФРИ

Ресторанот Домаќинска куќа поседува и сопствена винарија, каде ќе ве изненади зрелоста на домашното вино и ракија. Oколината на Вевчани изобилува со природни

убавини и може да се каже дека екологијата во овој дел од Македонија е на високо ниво. Од локалните лозови насади и еколошки чистото грозје произлегува прекрасното домашно вино и ракија кое се складира во сопствениот подрум УНУФРИ.

На традиционален Македонски начин во старите бочви се произведува домашно цвено и бело вино.

Контакт информации

Phone number: 
+389 (46) 790 505
+389 (46) 798 435
+389 (70) 366 855