Пупина куќа

Низ старата зачувана дрвена порта што ја крепи со децении авлијата ѕидана од скромните, но вредни домаќини ќе влезете во целосно обновената спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин, што е комбинација на сместувачко-угостителски објект и музејска поставка за животот и за делото на исклучителниот научник.Денес реновирана со зачувани елементи на камен и дрво, дрвена порта, скалила од костеново дрво и соби со автентичен мебел и покуќнина, освен што е удобно одмаралиште, истата е историско катче кое ја чува и претставува вистинската приказна за семејството Пупин.

Контакт информации