Вевчански извори

Вевчанскте извори се наоѓаат на 900 м н.м. Во 1997 год. се прогласени за Споменик на природата. Од центарот на Вевчани до самиот локалитет, патот е асфалтиран и има околу 550 метри, а се стигнува за околу 7 минути со пешачење. Вевчанските извори се одликуваат со доста богата биолошка разновидност и се едни од најпосетените места во Македонија од домашни и од странски туристи.

За време на вечерните и ноќните часови, изворите можат да се посетат бидејќи се насекаде осветлени, поставени се и подводни рефлектори со што водата добива посебна убавина. Изобилството на вода, и пештерата од која таа извира е посебна атракција за привлекување на домашни и странски туристи, на самото место има маси со клупи за одморање, изграден е видиковец, а се наоѓаат и три помали цркви кои секогаш се отворени за посета. Локалитетот во изворот поседува инфо-табли од кои туристите можат да се информираат за биолошката разновидност во локалитетот.

Локалитетот во внатрешноста е составен од 7 помали извори кои се соединуваат и го сочинуваат  текот   на revatio vs viagra Вевчанска река.

Водата до изворот доаѓа од подземна патека долга 100 метри, а нејзината висинска разлика  изнесува 10 метри. Од изворот, според повеќегодишните мерења  е утврдено дека  просечно во една секунда истекуваат 1500 литри   вода кои дел преку  водовод служат за вода за пиење, а друг  дел за наводнување. Ова богатство од вода најголемо е во пролетните месеци па се до јуни-јули месец,  создавајќи  една прекрасна слика  за врутокот и за убавината на изворот. За вевчанци водата и изворите имаат своевидна духовна вредност.Тука се оддржуваат повеќе верски и други обреди.