Меѓународна ликовна колонија "Вевчански видувања"

Почнувајќи од 2010та, традиционално секоја година, во живописното Вевчани, во преубавиот простор на ресторанот "ВИА ИГНАЦИЈА", се организира Меѓународната ликовна колонија "Вевчански видувања". На оваа културно-уметничка манфестација до сега имаат земено учество десетици еминентни ликовни уметници од Република Македонија, но и од Република Грција, Русија, Бугарија, Албанија, Србија, Египет, Франција, Полска, Словенија, Романија, Мексико, Турција, Монголија и Шведска.

Колонијата трае, традиционално од 25 јуни до 10 јули.

Целта на оваа колонија е да претставува простор каде секоја година ќе се обединат голем број светски признаени уметници, кои инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори, ќе ја промовираат соработката и почитта помеѓу народите и државите и ќе создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување.

На крајот од секоја колонија, а во функција на натамошно афирмирање на уметноста, организаторите издаваат висококвалитетен каталог на македонски и на еден друг светски јазик (најчесто англиски или француски) на кој се прикажани фотографии од делата на авторите со нивна биографија и контакти, како и соодветни критики во однос на истите. Примероци од Каталогот, потоа, освен на учесниците има се доставуваат и на поголем број еминентни институции where can i buy viagra with paypal и личности од светот на уметноста од Република Македонја и од странство.

 

 

  Информации и контакт:

   телефон: (+389)46798102

    веб: www.artcolony.mk