Пупина куќа

Кога ќе тргнете нагоре по cialis prix тесната уличка во Вевчани наидувате на старата куќа на Пупинови, градена во 1880 година од семејството од кое потекнува Михајло Пупин. Маалото и сокакот, од памтивек наречен Пупинов, со реконструкцијата и обновата на куќата добија душа, заживеаја. Одекнува калдрмата од плочи, старата зачувана дрвена порта што ја крепи со децении авлијата ѕидана од скромните, но вредни домаќини, камен по камен трпеливо делкан токму од Пупинов Камен, место врз кое стои самата куќа, ширум ги отвора пред вас порите за добре дојде.

Мераклиски рачно изработените скалила од костеново дрво во домот Пупинов што водат кон чардакот и собите со камари, селски огништа-камини, ковчези и сега антикварски мебел и покуќнина, чкрипат под товарот на намерниците како некогаш кога се пречекувале и нагостувале милите гости.

Куќата претставува музејска поставка за животот и за делото на исклучителниот Пупин.

Има и соби, а сѐ што можело оригинално да се зачува од ентериерот и од екстериерот, карактеристичен за ова поднебје, е конзервирано и е ставено во функција. Идејата е истовремено да се создаде и да се зачува едно специфично, атрактивно и препознатливо културно и историско катче со вистинска приказна за семејството Пупин и за животот и делото на самиот Михајло Пупин. Нема трошка сомнеж, ја побудува љубопитноста и интересот кај посетителите, кои во Вевчани доаѓаат сѐ повеќе и во текот на целата година.