ЛАЗАРА

 Лазара е празник кој му предходи на големиот Христијански празник Велигден и се слави една недела предходно. Карактеристично е тоа што празникот Лазара  само во Вевчани се празнува како Машка Лазара која се празнува во петок и Женска Лазара во сабота, за разлика од празнувањето низ територијата на цела Македонија каде празникот Лазара е познат и се празнува само на Лазарева Сабота односно Женска Лазара.На Машка Лазара – петок, машките деца одат од куќа во куќа и собираат јајца во плетени кошници. По куќите торпаат со ,,дрвени сабји ,,  и пеат пригодна песна по што домаќинката ги дарува со пара и јајце.

На Женска Лазара, саботата,девојчиња поделени во две групи на горна и долна маала, свечено облечени во селска народна носија, одат по домовите носејќи со себе кошници , накитени со цвеќе и потки од дрен, пеат пригодни молитевени песни  кои се содржински приспособени според тоа на кого му се упатува песната а според тоа песните се среќаваат во повеќе варијанти во зависност од тоа дали се упатува молитва за мажење, женење, раѓање чедо а домаќинките ги даруваат со  пара и јајце.

Лазарските обичаи се задржале во Вевчани се до средината на пеесеттите години  кога се забранувани од тогашната власт.

Во 2016 година по иницијатива на КУД ,, Дримкол ,, - Вевчани после повеќе од шест децении низ вевчанските домови повторно одекнуваат лазарските песни и повторно заживеа овој стар обичај.