Архелошки локалитет Вајтос

Локалитетот Вајтос век се наоѓа на просторот меѓу населбите Вевчани, Октиси и Горна Белица. Во време на антиката тој и припаѓал на Лихнидската област и ја делел нејзината судбина. Воедно, тој претставувал и дел од нејзината западна граница која била поместувана по пат на војни. Значајно е и тоа што тука минувал карвански пат, како алтернативна траса на Виа Егнатиа, кој одиграл несомнена улога во развојот на населбите. Настаните кои се случувале тука оставиле свои траги во преданијата, традицијата, лексиката, топонимијата, но и во археолошките остатоци. Сите тие говорат за еден активен простор уште од најраната антика па се до денес. На северната страна се пронајдени остатоци од бедем од хеленистичкото време, широк 2,20 м, сувоѕидан од камени блокови долги до 1,30 м, во „опус псеудоисодомум“. Во западниот дел, градиштето е проширено и доградено со ѕидарија од малтер, од римското време.