ВЕВКУЛ

Во текот на летниот период Општина Вевчани го организира ВЕВКУЛ (Вевчанско културно лето) кое се состои од повеќе настани кои имаат за цел да придонесат кон збогатување на културно -забавниот живот на жителите на општина Вевчани и сите посетители кои во моментот го посетуваат Вевчани. Ваквите настани ја надополнуваат туристичката понуда на Вевчани како една од водечките стопански гранки. Во рамките на оваа културна манифестација се ораганизира различна програма која вклучува културно уметнички програми, монодрами, театарски престави, детски забавни фестивали, поетски читања, промоции и други активности кои ќе продолжат да се организираат и во иднина. Дел од овие културни настани имаат и меѓународен карактер поради учеството на културно уметнички групи и индивидуални културни уметници од странство. Посебен интерес привлекуваат театарските престави на домашните театри кои своите претстави ги прикажуваат на отворена сцена во центарот на Вевчани и истите се масовно посетени. Покрај тоа се организираат и вечерни коцерти со домашни естрадни уметници, детски фестивали и други содржини со цел да се задоволаат потребите и интересите на различните возрасни групи.