Валавица

Комплексот се состои од вир (водена валавица), валавица (сува валавица) и воденица. Сите добиваат вода од Вевчанска Река и за секој објект постои посебно корито за доток на вода. Коритата се всушност издлабени стебла со отворен или покриен горен дел и низ нив тече водата. Старите оригинални корита се сочувани. За регулирање на водата постои пречка наречена http://www.viagrabelgiquefr.com/ ѓечме со кое се регулира дотокот, односно количината на вода за потребите на работата на вирот и воденицата. Вирот и валавицата работеле до пред три децении. Реконструиран е по примерот на стариот кој бил во многу руинирана состојба. Има изглед на превртен конус. Отворот во земјата е обложен со камења – суво ѕидање и е наречен џис. Тука кружно се наредени штички една до друга, стегнати со дрвени обрачи, во долниот дел прицврстени, а во горниот дел заоблени и со елипсести вдлабнувања за истекување на водата. Длабочината на вирот е околу 2, 70 метри. И денес како и во минатото се користи за перење на волнени ткаенини, најчесто јамболии. За вртење на ткаенините се користат дрвени долги чатали, а за обесување и сушење на ткаенините – чивилуци наречени кљукачи.