Хидрографија

Главна хидрогравска артерија на територијата на на населбата Вевчани е Вевчанска река која минува низ населбата и се влева во Црн Дрим. Нејзините извори се наоѓаат на источните падини на планината Јабланица, во близината на населбата, на надморска висина од 950 м. а се сместени во тирјански варовници. Нивната издашност во влажниот период на годината изнесува околу 1.500 л./сек, а според некои мерења издашноста се цени од 400-450 л./сек. Овие извори претставуваат едни од поретките псеудопериотски сифонски врела во нашата држава и како такви претставуваат виден споменик на природата.

Поради тоа и покрај своите амбиентални вредности претставуваат природно место за одмор и рекреација. Покрај овој богат извор постојат и други планински извори како и фосилен остаток на леднички цирк во кого постои мала езерска водена површина (локва). Населбата со вода за пиење се снабдува од изворот на реката и од планинските извори кои по природен пат доаѓаат до неа. Овие води создаваат можност за посебна атрактивност на амбиентот во населбата.