Образование
ЈОУДДГ „Планински Цвет“
Јавната установа за деца, Детска градинка Планински цвет - Вевчани е основана во Мај 1979година. Објектот располага со 4 занимални простории, една кујна и друг помошен простор.Основната дејност на градинката е згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст која се остварува преку згрижување, престој, нега, исхрана, воспитување, образование, спортско-рекреативни и културно-забавни активности. Исто така во градинката се обавуваат активности за подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, менталниот, физичкиот развој на децата до 6 годишна возраст, односно, до нивното поаѓање на училиште.
Сите наведени активности се обавуваат во едни оптимални услови со целосна посветеност на персоналот вработен во градинката.
ООУ „Страшо Пинџур“
Основното образование во Вевчани се одвива во Општинското Основно Училиште "Страшо Пинџур". Опфаќа 250 законски обврзници и 30 вработени. Образовниот процес во Вевчани започнал1834 година, кога Вевчанци се избориле за дозвола од турските власти за изградба на црква и отворање црковно училиште. Работело во ајатите на Долна црква. Првите учители требало децата да ги учат на грчки јазик, но ја користеле само грчката азбука, а со децата работеле на народен македонски јазик.Денес наставата се одвива во нова модерна училишна зграда со сите услови потребни за одржување на наставата.Успесите, растежот на училиштето во Вевчани е https://viagrageneriquefr24.com незапирлив и безграничен процес. Секоја учебна година се поставува цел - што треба да се постигне и на кој начин.
Примената на современи наставни форми и методи резултира трајни, применливи знаења кај учениците кои без ислучок со успех го продолжуваат и завршуваат средното училиште, а потоа многумина и факултети. Образовани, трудољубиви и чесни, му се враќаат на Вевчани, способни со своите знаења со сигурност да чекорат во животот и да ги решат проблемите на кои наидуваат. Десетици и десетици лекари, инженери, професори и разни други високообразовни профили се гордоста на ова училиште што им ги поставило здравите темели за креативност, индивидуална надградба и високи морални вредности.
Библиотека „М-р Ристо Попески“
Библиотеката со читалиште "Свети Василије" е формирана на 16 февруари 1935 година, со 345 книги подарок од локалното население. Библиотеката меѓу двете светски војни била место каде што се сретнувале напредните вевчанци и се вкрстувале нивните идеи. Затоа Библиотеката постојано била предмет на опсервација од "будното око" на власта.
Библиотеката денес го носи името на знаменитот вевчанец М -р Ристо Попески, научен истражувач, кој има донирано 3200 книги и има посебна заслуга за зголемувањето на книжниот фонд на библиотеката.
Библиотеката низ годините се преселувала во различни простории, а денес е сместена во својата матична зграда Домот на културата во Вевчани. Сегашниот книжен фонд изнесува околу 16.000 книги. Со донација на Националната библиотека, Универзитетска библиотека “ Св. Климент Охридски“ - Битола во 2010 зголемен е книжниот фонд за околу 600 книги меѓу кои и книги на познати светски автори и стручни преводи како дел од владиниот проект “ Превод на 100 стручни книги од реномирани светски автори“.