Error message

  • Notice: Trying to get property of non-object in _weather_parse_forecast() (line 219 of /home/vevchani/public_html/production/sites/all/modules/weather/weather_parser.inc).
  • Warning: Invalid argument supplied for foreach() in _weather_parse_forecast() (line 219 of /home/vevchani/public_html/production/sites/all/modules/weather/weather_parser.inc).

Флора и фауна

Вегетационите одлики на теренот се зависни воглавно од климатските услови, од рељефот и од составот на почвата.Повисоките делови на теренот примаат доста врнежи во текот на целата година ,но средните годишни температури во вегетациониот период се ниски така да не постојат погодни услови за поразвиено аграрно производство. Исто така во овие предели вегетациониот период е нешто покус. Равничарските делови бидејќи природно имаат можност за наводнување застапено е одгледувањето на ратарски, зеленчукови култури и лозја со помали овошни насади. Во источниот равничарски дел ретко се одгледуваат житни култури но доста е присутно одгледувањето на пченка и тревнаста сточна храна. Шумите и останатиот растителен свет, на планината Јабланица и даваат посебна уникатност. Овде се застапени дабова, костенова и огромни комплекси на густа букова шума, а на одредени места има четинарски шуми (природни и пошумени). Шумите се искачуваат до околу 1800 м надморска височина, а над нив се планинските пасишта. Густите комплекси на букова шума, создаваат посебен климатски ефект, чинејќи го воздухот освежувачки, богат со кислород и со пријатна релаксирачка миризба. На неколку места се јавуваат густи комплекси на девствени шуми. Освен шумите, од растителниот свет се јавуваат разновидни заедници на ретки, ендемични, лековити растенија, шумски плодови (јагоди, боровинки, капинки, глог) и др.

Јабланица има исклучително разновиден животински свет. Така, од крупните животни се застапени мечки, волци, лисици, елени, диви свињи, зајаци, срни, па дури и Балканскиот рис, кој го има само на уште 3-4 планини во Македонија и тоа со по неколку единки.