Местоположба

Вевчани е сместено во подножјето на источните падини на планината Јабланица на надморска височина од 800 m. Поточно, општината е сместена на границата односно допирот помеѓу планинската падина на Јабланица на запад и рамнината на котлинското дно на исток. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро на западната страна на Струшкото Поле на источната страна на планината Јабланица.Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. Вевчани е ридскa населба чии што куќи се издигнуваат на надмирска височина од 820 до 980 метри. Од централното место односно градот Струга е оддалечено 13,5 километри, а од патот Струга - Дебар 4) километри. Има мошне голем атар кој што зафаќа простор о 35,5 км 2 , на кој преовладуваат пасиштата на површина

од 2245,8 ha, на шумите отпаѓаат 564,9 ha, а на обработливото земјиште 557,4 ha. Вевчани претставува седиште на истоимената општина и тоа единствен случај во Република Македонија, само една населба да претставува засебна општина.