Петровден

Кај народот, Петровден се смета за многу тежок празник. Според христијанското учење, овој празник спаѓа меѓу петнаесетте најголеми празници и се слави како празник на Светите апостоли Петар и Павле.  Се празнува на 12 јули. Во Вевчани постои традиција за тој ден да се оди "На Голина" , односно "На Локви". Тоа е планинско езеро на надморска височина од околу 2000 метри, под врвот Црн  Камен.

 

 

Постојат повеќе претпоставки за одржувањето на оваа традиција. Според една претпоставка , во минатото стоката се напасувала на месноста Голина, во близина на "Локвата" па одењето еповрзано со посетата на строката која се оставала на пасење во летниот период , според друга – младите немажени, неженати, оделе за да фрлат камен преку локвата со верување дека до година ќе бидат момче или невеста, додека според трети, сето тоа се поврзува со мисијата на апостол Павле на овие простори.

Но, независно од тоа кој е вистинскиот повод, традицијата продолжува и до ден денес и кога во планината не се напасува стока. Традицијата да се оди "На Голина" и "На Локва" неколку дена со преноќување, пред празникот Петровден се одржала до ден денес и тоа во помасовна форма.