Кутмичевица

Пансионот Кутмичевица го промовира богатото историско и културно наследство на питорескното село нареченo Вевчани, сместено под падините на раскошната планина Јабланица, оддалечено од Охридското Езеро на само 14 км, на надморска висина од 930 метри. Оваа реставрирана куќа, изградена во далечниот 19-ти век ја задржала својата оригиналност, се сплотила со автентичниот мебел и традиционален амбиент и продолжува да ја пренесува долгата историја. Пансионот Кутмичевица им нуди на своите посетители искуство што нема да го доживеат на ниедно друго место – да бидат дел од несекојдневната традиција и обичаи, сведоци на една неискоренета култура и долговековна автентична архитектура, како и на прекрасната панорама на околните планини, села и градови, Охридското Езеро па се до врвот Пелистер. Позициониран во бајковитото Вевчани, ресторанот целосно ја искористува предноста на комплетно незагадената и богата земја во околината, за одгледување и производство на разновиден органски зеленчук и овошје. Гостите на Кутмичевица ќе можат да ги вкусат традиционалните македонски јадења, сплотени со локалните вкусови, во голема сала со 70 седишта и прекрасна надворешна тераса со 30 места. Ресторанот исто така поседува сопствени лозови насади, од кои произведува квалитетновино и домашна ракија, кои им се достапни навистинските љубители на традиционални пијалоци. Дојдете и посетете не, нашата цел и намера е да ја направиме Вашата посета на Вевчани незаборавна.

Во склоп на ресторанот има двокреветна и трокреветна соба уредени во етно стил, а истовремено во спој со сите модерни потреби за удобен престој како клима уред, кабловска телевизија, wi-fi, засебно купатило и тераса со прекрасен where can i buy viagra поглед. Пансионот Кутмичевица на своите гости им нуди одмор, освежување и гастрономско доживување за незаборавен и релаксирачки престој.

Контакт информации

Phone number: 
+389 (46) 798 626
+389 (71) 273 087
+389 (70) 249 197