Ресторан ВИА ИГНАЦИЈА
"ВИА ИГНАЦИЈА" е еден од малкуте ресторани на охридската ривиера кој од Министерството за Економија има добиено висока категоризација од четири ѕвезди. Опкружен со бујна вегетација која во спој со традиционалното вевчанско гостопримство и автентичниот природен амбиент, прави овој ресторански комплекс да прерасне во место кое пленува од првиот миг.
Врвната храна подготвена од нашите професионални готвачи во кои е вткаено наследството од нашите предци, чиј носечки елемент се органските еколошки состојки одгледани во кругот на Ресторанот е нашироко препознаена и прифатена.
Популарните:
-
Салати;
-
Производите од тесто какви што се вевчанскиот традиционален "виткалник" и "комат";
-
Вевчанската скара подготвена од одбрано месо;
-
Полжавите "А ЛА ВИА" кои се одгледуваат во ресторанската фарма;
-
Свинското месо подготвено на традиционален начин под сач;
-
Свежата риба, одгледана во ресторанските рибници, како и
-
Домашните десерти во кои е вткаен вкусот на органското еколошко овошје кое се произведува во Ресторанот
се нашата најдобра референца која ги мами посетителите постојано да се навраќаат во "ВИА ИГНАЦИЈА" и во Вевчани.
Ресторанот во својот внатрешен дел има капацитет од 120 гости, додека терасата има капацитет од 150 гости. Во составот на "ВИА ИГНАЦИЈА" има и:
-
ЗОО парк;
-
Рибник;
-
Фарма за одгледување на полжави;
-
Градина во која се одгледуваат органски производи;
-
Детско катче;
-
Голема полјана, како и
-
Уреден паркинг простор.
Имајќи го во предвид споменатото, наспроти динамичното секојдневие, "ВИА ИГНАЦИЈА" е одличен избор за вашиот одмор, за прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или за конгреси.
Водејќи се од потребите на гостите Ресторанот Виа Игнација располага со апартманско сместување од највисока категорија.