"Шутиноски"
Недалеку од центарот на Вевчани во новоградба со традиционален стил се наоѓа ресторан кој работи во склоп со Апартмани ,,Шутиноски“.Тука можете да ги вкусите традиционалните македонски и вевчански јадења како: комат , виткалник, кашаник, домашно луканче, традиционална тава и други специјалитети.Ресторанот може да угости 50 гости во внатрешниот дел и терасата.
Уживајте на еден поинаков начин, уживајте во природа доживувајќи ја традицијата. Место каде можете да го ослободите својот дух во природните убавини, гостопримливоста и хуморот на домаќините како и да ги почуствувате длабочините на христијанството.
Апартманите Шутиноски ви нудат комплетни услови за одличен престој во Вевчани. Во ненаметлив спој со својата околина апартмани Шутиноски ви нудат спој со модерното и рустикалното. Располагаат со сместувачки капацитет од 10 луѓе. Има 4 двокреветни соби со посебно WC, и голем апартман со дневна, спална и кујна од 75 м2 каде може да се сместат макс. 5 лица.Апартманите се наоѓаат на 200 метри од централното јадро на Вевчани и претставува одлично место за ноќевање, одмор и релаксација.
Контакт информации
Phone number:
+389 (78) 388-992