Презентација на проектот ,,Хармонијата помеѓу културата и туризмот во функција на промоција на Вевчани кон светот“
Во Вевчани одржана презентација на проектот ,,Хармонијата помеѓу културата и туризмот во функција на промоција на Вевчани кон светот“
Синоќа во Младинскиот центар во Вевчани беше одржана презентација на проектот ,, Хармонијата помеѓу културата и туризмот во функција на промоција на Вевчани кон светот“ кој го реализира Културно уметничкото друштво ,,Дримкол“ Вевчани, а е подржан од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија –сектор за соработка со невладини организации. На презентацијата присуствуваа членовите на реализаторот на проектот како и дел од партнерите кои беа вклучени во проектот односно претставници на туристичко -угостителскиот сектор од Вевчани кои искажаа огромно задоволство од реализацијата на еден ваков проект.
Со реализацијата на проектот се постигнаа следните резултати:
- изработка и објавување на модерен веб портал www.vevchani-info.mk со сите информации поврзани со туристичката и културна понуда и потенцијали на Вевчани,
-изработка и печатење на разгледници со мотиви од Вевчани,
-изработка и печатење на брошура -,,Водич низ вевчанското културно наследство“,
- изработка и печатење на туристичка мапа со позначајните туристички капацитети и потенцијали на Вевчани.
Од КУД ,,Дримкол“ се надеваат дека овие резултати на кратот рок ќе постигнат кон остварување на следните цели: Зголемени промотивни активности за претставување на туристичките и културните потенцијали на Вевчани, оптимално искористено природно и културно-историско наследство во функција на развој на туризмот во Вевчани, иницијално развиени форми на алтернативен туризам ( планински, селски, верски, здраствен и др.) и подобрена искористеност на хотелско-угостителските капацитети и друг вид на ресурси за подигнување на степенот на развој на туризмот во Вевчани.