Патувачкиот Театар „Поклони се и падни“ од Вевчани со уште една театарска премиера
Вечерва со почеток во 18:00 часот во Домот на култура во Вевчани, Патувачкиот Театар „Поклони се и падни“ кој работи во рамките на КУД „Дримкол" од Вевчани ќе одржи премиера на мултимедијална театарска претстава „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од cialis 20mg Виктор Иго, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
- Оваа претстава е наменета за деца и младинци се со цел силните пораки кои ги праќа овој автор преку овој текст да допрат до децата и младите. За да се постигне истото во претставата се прави спој на видео анимации, звук и актерска игра на Душко Кукоски кој го толкува ликот на писателот Виктор Иго и на еден специфичен начин ја води публиката низ приказната. Преку ваквиот интересен спој на мултимедијална презентација и актерска игра се праќа моќна, едукативна порака за вечната борба помеѓу доброто и злото, со надеж дека доброто секогаш ќе надвладее - велат од раководството на Дримкол.
Оваа 2017-та година за КУД „Дримкол“ е од особено значење затоа што друштвото прослави значаен јубилеј, 70 години организиран фолклор во Вевчани. Со оваа театарска претстава, која што е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија, Дримкол ги реализира и заокружи сите предвидени активности за годинава која изминува.