Премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“
Во сабота 25.02.2017 во Домот на културата во Вевчани ќе се одржи премиерна изведба на претставата "Девојчето и дванаесетте месеци" во изведба на патувачкиот театар "Поклони се и падни".
Патувачкиот театар е во склоп на КУД "Дримкол" кој успешно работи и зад себе има реализирано многу бројни претстави. Словачката народна приказна е работена според адаптираното сценарио на Љубица Баткоска, а во режија на Душко Кукоски.
Улогите ги толкуваат:
Маре - Ева Костојчиноска,
таткото - Душко Кукоски,
маќеата - Даниела Маретиќ,
Злата - Александра Плушкоска,
Јануарко - Душко Кукоски,
Февруарко - Елизабета Шекуткоск,
баба Марта - Наташа Кукоска.
Останатите месеци се членовите на фолклорниот ансамбал при КУД "Дримкол" .