Error message

  • Notice: Trying to get property of non-object in _weather_parse_forecast() (line 219 of /home/vevchani/public_html/production/sites/all/modules/weather/weather_parser.inc).
  • Warning: Invalid argument supplied for foreach() in _weather_parse_forecast() (line 219 of /home/vevchani/public_html/production/sites/all/modules/weather/weather_parser.inc).

Водици (Богојавление)

Водици (Богојавление) – Се слави на 19 Јануари. Кревањето крсти ( литија ) следи по утринската служба во црквата. Се изнесуваат црковните бајраци ( знамиња ) и неколку икони кои се носат напред во поворката која ја предводи попот и се упатуваат кон Вевчанските извори . На изворот се носи ѓум , котле или друг сад за полнење од покрстената вода. Попот го фрла крстот во водата по кој скокаат повеќе момчиња за да го фатат. Тој чин е доста возбулив поради фактот што изворите се доста богати со вода, како и ниските температури во зимскиот период. Во таков амбиент , следени од преку двеилјади верници, вевчанци но и туристи, момчињата го бараат крстот во водата. Оној кој ќе го фати, односно најде крстот , го бакнува и се прекрстува. Тука сите го бакнуваат крстот и го даруваат со пари момчето, кој колку што сака и може.