Зони за одмор

Јанков Камен

Излетничкото место Јанков Камен се наоѓа на планината Јабланица на надморска висина од 1300 метри.Во местото постои вештачко езерце кое му дава посебна убавина и можност за развивање на рекреативен туризам. Ова излетничко место е секојдневно посетено од бројни жителите на општината, и бројни домашни и странски гости. Бидејќи на самото место има и ловџиска куќа која е под надлежност на Општината таа им стои на располагање на жителите од општината и на сите љубители на овој спорт. Од центарот на Вевчани до излетничкото место има околу 4 км. За да се стигне до местото има неколку начини, односно постојат повеќе планински патеки по кои се стигнува со пешачење за време од 30-45 минути и еден асфалтиран пат по кој се стигнува со пешачење за исто толкаво време. Сите љубители на велосипедскиот спорт до овој локалитет можат да се стигне и со велосипед по асфалтираниот пат .

Старца

Старца е возвишение над Вевчани на надморска висина од 1100 метри.Тоа е рид со прекрасен поглед кон населбата и пошироката околина и високите планински врвови на Јабланица.Од неодамна тука е изграден видиковец.

Смолејца

Смолејца е зона за одмор со видиковец на надморска висина од околу 1000 метри. Претстаува одлично место за починка бидејќи се наоѓа на патот кој води кон црквата Свети Спас Горни и локалитетот Јанков Камен и нуди прекрасна панорама на околните села и градови и Охридското езеро.

Вевчанска голина и локва

Планинскиот предел на локалитетот Голина со надморска височина(од 1800 до 2227 м) на планината Јабланица, во реонот на Вевчани, претставува вистинска основа за развој на повеќето видови на рурален туризам. Локалитетот е испрекинат со шумски ливади и мали пространствана ендемска тревна вегетација, а врв на таа убавина е присуството нa планинско (глечерско) езеро,Вевчанска Локва . Вевчанската локва како и сиот овој предел каде припаѓа и Вевчанското бачило на надморска височина од 1700 метри, сместено во локалитетот Дупка, масовно се посетени од голем број планинари и љубители на природата, особено за летните празници Петровден и Павловден. До таму водат обележани патеки, но за оние кои не ја познаваат добро планината се препорачува локален водич.