Спортски активности
Во изминативе неколку години во Вевчани се создадени услови за достигнувања во спортот и рекреацијацијата, со изградбата на спортската сала "Владо Попески" и тениското игралиште "Мате Ѓурчески".
Спортската сала "Владо Попески" се протега на површина од 1.300 метри квадратни, има трибини со капацитет од 400 седишта, гардеробери, туш кабини, санитарни јазли, најсовремена опрема за спортување, простории за сместување на спортските реквизити и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активности. Спортската сала, е од голема корист за учениците, наставниците, спортските клубови и за сите оние кои тука можат се рекреираат.Создадени се услови за тренирање, и одигрување на натпревари во спортови како:футсал, кошарка, ракомет, одбојка, гимнастика, пинг понг и други тимски и поединечни спортови.
Тениското игралиште "Мате Ѓурчески" ги има сите карактеристики потребни за одржување тениски натпревари - осветлување, пристапни патеки, жичана ограда, целосна инфраструктурна приклученост и најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација.
Со изградбата на овие спортски објекти Општина Вевчани има услови за спортување и рекреирање, како за жителите на Вевчани така и за туристите кои доаѓаат да го посетат Вевчани.