Транспорт

Кога станува збор за туристичко-географската положба на Вевчани, може да се истакне дека истото има мошне поволна положба. Имено, во однос на сообраќајната поврзаност, Вевчани се наоѓа на 4 km од регионалниот пат Струга-Дебар кој по долинатана реката Црн Дрим води кон градот Дебар, а понатаму продолжува кон Маврово (т.н. западна туристичка магистрала) и се надоврзува на магистралата М-4 продолжувајќи кон Скопје. Преку истиот регионален пат, во правец на југ, Вевчани е поврзано со градот Струга. На почетокот на овој град, претходно споменатиот рагионален пат се надоврзува повторно на магистралата М-4 (дел од коридорот 8), така што Вевчани се поврзува со другите позначајни регионални и магистрални правци кои водат кон сите населени места во државата и надвор од неа. Поврзаноста по воздушен пат со Европа и Светот се одвива преку аеродромот ,,Св. Апостол Павле‘‘ кој е оддалечен 20 km од Вевчани.

Во Вевчани за јавен превоз на патници и стоки се користи патен сообраќај.Автобуската станица е во сопственост на општина Вевчани. Превозот на патници го врши приватен превозник ДОО”Сприја” кој секојдневно ја обавува својата дејност на патниот правец Вевчани-Струга и Струга -Вевчани.