Воденица
На влезот на изворите има стара воденица која функционира до ден денес, изградена е од камен и претставува вистинска атракција за туристите. Жителите на општината и жителите од околните села - населби во неа носат жито за мелење. Некогаш на истата оваа вода од изворот, работеле во Вечани, дури 33 воденици.
За историјатот на воденицата подетално раскажуваат воденичарите . Иако постои два -три века, воденицата сеуште работи . Инаку своевремено еден човек од Вевчани наместо да ги вложи парите во дуќан сред Белград , купил воденица во Вевчани , бидејќи имало многу приходи од водениците generique cialis во тие времиња. Воденицата е како фабрика. Меле жито и наплатува уем за тоа. Уемот е компензација за мелењето на житото што му се дава на воденичарот за неговиот труд , односно мелењето на житото. Брашното сомлено во воденица од автохтони сорти на жито е секогаш поквалитетно од било кое брашно од современите мелнички центри.