Клима

Климата на подрачјето на Вевчани е умерено континентална, модифицирана со посебна клима на локално подрачје, а во повисоките предели е застапена планинска клима. Средногодишната просечна температура изнесува околу 10°C. Најстудени месеци се Јануари и Февруари, а најтопли Јули и Август со просечна температура од околу 21°C. Средногодишната количина на врнежи изнесува околу 1000 mm, со најголемо количество на врнежи во зимските, а најмало во летните месеци. Релативната влажност на воздухот, пак, изнесува 70-74%, а ветровите се делат на постојани (северниот (дува по долината на Црн Дрим во зимските месеци, а во лето носи свежина) и јужниот ветер (кој дува од езерото кон копното)) и локални (оној кој дува од правец на планината по месноста ,,Долга‘‘ и ,,Средни рид‘‘). Вевчани се наоѓа во Охридско- струшкиот регион (2.355 часови), кој, пак, се одликува со долготраен сончев сјај. Меѓутоа,  со оглед на географската положба што ја има Вевчани, сончевиот сјај има нешто помала вредност на сончевиот сјај изразена во часови.