КУД "Дримкол" Вевчани
Како национално богатство на Република Македонија, ова Вевчанско здружение се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ за тоа се и освоените награди, дипломи и признанија на бројните домашни и меѓународни фестивали.
Токму на ова парче земја од секогаш се свирело, се пеело, се танцувало - се играло и тоа секогаш од срце, секогаш со душа, секогаш со достоинство при изведбата. Луѓето пееле и играле на свадби и слави, на собори и празници, на жетва и на нива, сватовите на изворот Вевчански, василичарите на сред село, Лазарките по куќите...Токму ваквите традиционални форми на здружување предизвикани од фолклорот и традицијата придонесуваат Вевчанското население уште во 1947 година да го формира првото организирано фолклорно друштво кое зема и учество на 11 Октомвриските свечености во Прилеп и Битола кога ова друштво го добива и првиот официјален документ за неговото постоење Диплома за учество во која диплома ова друштво е оценето од фестивалската комисија како Многу добро и пофалено.
Од тогаш до денес никогаш не запрел тапанот силно да чука, зурлите гласно да свират, играорците да танцуваат, а луѓето да им се восхитуваат на нивниот дух и квалитет
Фолклорниот ансамбал "Дримкол" се формира во 1973 година под името "ПЕЧАЛБАР" како здружение на граѓани во кое се здружуваат љубовта, желбата и ентузијазмот кон фолклорот на многу млади луѓе во Вевчани, ентузијасти кои со несебичен самопридонес на Вевчанското население успеваат да го опремат друштвото со инструменти и носии, а со еден сериозен и организиран пристап цврсто застануваат на Македонската фолклорна сцена. Во 1979 година, друштвото го добива името "ДРИМКОЛ" и од тогаш до денес континуирано и активно работи на негување, развивање и презентирање на сценско уметничките дејности со посебен акцент и внимание кон фолклорната дејност.
Отсекогаш низ годините на постоење, фолклорниот ансамбал ја освојувал публиката со своите сценски настапи, со својата изворна Вевчнаска носија, со својот дух и енергија на сцената, но значаен период за фолклорниот ансамбл "ДРИМКОЛ" е периодот од 2000 година кога ова друштво започнува да посветува максимално внимание на истражувањето, негувањето и обработката на Вевчанскиот изворен фолклор. Од таквото богато истражување произлегоа кореографските обработки: "Вевчанска лазара", "Ѓурѓовден", "Вевчански василичари", "Вевчански свадбени обичаи". Токму овие кореографски обработки го закитиа друштвото со три златни плакети, една сребрена и една бронзена и го дефинираа како друштво со посебни карактеристики.
Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии од Вевчанското поднебје го прават овој ансамбл еден и единствен, различен од сите други во Македонија.
Но, покрај изворниот фолклор, на репертоарот на фолклорниот ансамбл се наоѓаат и стилизирани кореографски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава, а за нивна презентација ова друштво располага и со соодветна оригинална и стилизирана носија од горе споменатите региони.
Покрај редовното учество prix du cialis на домашните фолклорни фестивали: "Балкански фестивал" - Охрид, "Илинденски денови" -Битола, "Оро без граници" - Скопје и други домашни фестивали, фолклорниот ансамбал ја презентирал македонската култура и традиција и на многу странски фестивали и тоа: Хрватска, Србија, Црна Гора, Германија, Полска, Турција, Бугарија, Египет, Сардинија, Русија, Украина, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија, Велика Британија,Франција Азербејџан, Чешка...
Благодарение на политиката на КУД "Дримкол" насочена кон истражување, обработка, негување и презентација на изворниот фолклор како и начинот на кој сето тоа го прави, фолклорниот ансамбл успеа да се вброи меѓу првите 5 ансамбли во Македонија и според критериумите на Министерството за култура на Република Македонија ова друштво спаѓа во Друштва од Прва категорија.