Фестивал на народна култура "Пображење"

Фестивалот на Народна Култура "Пображење" Вевчани  започнувајќи од 2011 година традиционално се одржуваа во периодот од 16 до 19 Август во организација на Културно уметничкото друштво "Дримкол" од Вевчани. Фестивалот има посебно значење за организаторот и општината, затоа што покрај збогатувањето на културниот живот во населбата овозможува континуиран развој  и негување на  фолклорната традиција во државата, а истовремено претставува и одличен придонес во збогатувањето на туристичката понуда во Вевчани во летниот период .


Учесници на фестивалот се еминентни фолклорни ансамбли од земјава и странство. Фестивалот се случува во пресрет на Вевчанската слава Преображение Христово од каде и доаѓа името на фестивалот.

Цели на фестивалот:

  • Подигање на свеста кај пошироката јавност за потребата од негување на фолклорната традиција и улогата на истата во функција на развој на туризмот
  • Континуирано негување, гаење и промоција на домашна и странска фолклорна традиција со посебен фокус на промовирањето на културна разноликост
  • Зголемување на туристичката понуда  преку изградба на препознатлива туристичкa манифестација.

Во фестивалските денови  се опфатени:

  • Научна вечер на која преку форуми, дебати, изложби...се третираат теми поврзани со Македонското културно наследство,
  • Учество на уметници кои цртаат слики  инспирирани од фолклорот (наивна уметност).
  • Дефиле,
  • Свечено отворање на фестивалот и настапи на домашни и странски ансамбли
  • Свечено затворање на фестивалот "За многу години Пображење" - етно вечер на која напстауваат само изворни инструментални состави и изворни пејачки групи.

Од 2015 година воведена е наградата "Чувари на изворната традиција" која се доделува на најуспешната група која презентира изворен фолклор.