Лов и риболов
Ловечкото друштво "Церн-Камен Вевчани" постои од 2010 година и истотo стопанисува со ловиштето "Дримкол 2". Ловиштето се наоѓа на територијата на планината Јабланица, а ловната површина на ловиштето изнесува 15 150 хектари.Право на лов во ловиштето имаат само членовите од ловечкото друштво Церн-Камен Вевчани и ловџии гости кои со дневна дозвола можe да ловат и да ги спознаат прекрасните природни убавини кои ги нуди ова ловиште на планината Јабланица.Ловиштето "Дримкол 2" е ловиште за крупен дивеч од кој најзастапени се: дивата свиња, срната, волкот, лисицата, дивата коза и др.Ловечкото друштво стопанисува и со ловни куќи кои што служат за рекреација на ловџиите. Активностите на ловечкото друштво се изградба на ловностопаснки објекти како на пример: хранилки, чеки солишта, ловечки колиби и др.Планината Јабланица изобилува со прекрасна природа, која што низ разни активности ова ловечко друштво ја зачувува и додатно ја збогатува .
Просториите на Ловечкото друштво ,,Церн Камен“- Вевчани се наоѓаат во зградата на Општина Вевчани.
Во Вевчанска река може да се сретне Речната автохтона пастрмка , но бидејќи водите кои се наоѓаат на територијата на Општина Вевчани се наоѓаат во заштитено подрачје во нив забранет е риболовот.Риби може да се ловат на реката Црн Дрим која се наоѓа на 5 км одалеченост од Вевчани.