Планинарски рути
За влубениците во природата, спорско и рекреативно планинарење, и долги прошетки во природа во Вевчани е формирано Планинарско еколошко друштво "Церн Камен 2257" кое ги обележа следните планинарски маршути.
Назив на патеката: Подгорци – Подгоречко езеро – Црн камен – Вевчанска локва – Вевчани
Почетна точка: Подгорци.
Тежина на турата: Тешка патека
Времетраење на турата: 9 – 10 часа
Должина на турата: 18 км
Висинска разлика: 1347 метри
Надморска височина на почетната точка: 940 м.н.в.
Највисока точка: 2257 м.н.в.
Надморска височина на целта: 910 м.н.в.
Панорами и пејсажи: Прекрасна панорама на Вевчани, Охридско езеро, Струшкото поле, Дримколскиот регион со Глобочичко езеро и.т.н.
Назив на патеката: Вевчани – Горна Белица – Чумин врв – Три Шилка – Вишни
Почетна точка: Вевчани
Тежина на турата: Многу тешка
Времетраење на турата: 10 – 12 часа
Должина на турата: 25,3 км
Висинска разлика: 1130 метри
Надморска височина на почетната точка: 910 м.н.в.
Највисока точка: 2040 м.н.в.
Надморска височина на целта: 1075 м.н.в.
Панорами и пејсажи: Прекрасна панорама на Горна Белица, Охридско езеро, Струга, Струшкото поле и.т.н.
Назив на патеката: Вевчански извори – Црвен кладенец – Јанков Камен – Вевчански извори
Почетна точка: ВевчаниТежина на турата: Лесна патека
Времетраење на турата: 2 – 3 часа
Должина на турата: 6,6 км
Висинска разлика: 434 метри
Надморска височина на почетната точка: 910 м.н.в.
Највисока точка: 1344 м.н.в.
Надморска височина на целта: 910 м.н.в.
Панорами и пејсажи: Прекрасни пејсажи по течението на рекичката и излетничкото место Јанков камен.
Назив на патеката: Вевчани – Вајтос – Свети Климент – Писаник - Јанков Камен – Вевчани
Почетна точка: ВевчаниТежина на турата: Средна патека
Времетраење на турата: 5 – 6 часа
Должина на турата: 9,6 км
Висинска разлика: 547 метри
Надморска височина на почетната точка: 910 м.н.в.
Највисока точка: 1457 м.н.в.
Надморска височина на целта: 910 м.н.в.
Панорами и пејсажи: Прекрасна панорама на Вевчани, Охридско езеро, и.т.н
Назив на патеката: Вевчани – Свети Спас – Вевчани
Почетна точка: Вевчани
Тежина на турата: Лесна патека
Времетраење на турата: 2 – 3 часа
Должина на турата: 5,8 км
Висинска разлика: 390 метри
Надморска височина на почетната точка: 910 м.н.в.
Највисока точка: 1300 м.н.в.
Надморска височина на целта: 910 м.н.в.
Панорами и пејсажи: Прекрасна панорама на Вевчани, Охридско езеро, Струшкото поле, Горно Дримколски регион со Глобочичко езеро и.т.н..