Здравство
Зачетоците на современата здравствена организација во Вевчани датираат од 1936 година, кога е формирана првата здравствена задруга.
Во периодот по Втората светска војна, иницијатор и реализатор на комплексниот проект за развитокот на Здравствената станица, (сега Здравствен дом) со амбуланти во неколку дримколски села, со речиси целосна поддршка на медицинските кадри, интелектуалците и населението, бил д-р Светозар Чочороски.Здравствениот дом е создаден и во голем дел модерно опремен со средства на локалното население и располага со медицински и стручни кадри за неговото работење, а покрај модерно опремените објекти во Вевчани, има сопствени амуланти во повеќе дримколски села - Велешта, Подгорци, Лабуништа, Боровец, Јабланица, Дoбовјани и Татеши.
Со цел - комплетна и пред се квалитетна медицинска нега на пациентите, Здраствениот дом, овозможува повеќе специјализирани услуги во руралните одделенија кои се во негов состав од кои посебно се издвојуваат:
- Рентген, ЕХО, ЕКГ дијагностика и Мамографија
- Биохемиска лабараторија
- Дневна болница
- Брза помош
- Интерно одделение
- Деттско одделение
- Стоматолошко одделение
- Оддление за КСТ